Риболовен туризам

Риболовен ревир “АКУМУЛАЦИЈА КОЗЈАК” го опфаќа: Водната површина од вливот на реките, Беличка и Треска во “Акумулацијата Козјак”, се до ѕидот на истата од лева и десна страна се до Браната, без деловите заливите кои припаѓаат на ЈПУЗПП “Јасен”. На компанијата и е дадена концесија за риболов и за други употреби на езерото Козјак со Одлука на Влада 19-4617/1 од 26 декември, 2005 (Сл. Весник бр. 117/05).

ЈПУЗПП “ЈАСЕН“- Скопје од 15.02.2018 започна со продажба на еднодневни, седумдневни, петнаесетдневни и годишни риболовни дозволи за рекреативен риболов на акумулацијата Козјак. Риболовните дозволи можат да се купат во дирекцијата на ЈПУЗПП “ЈАСЕН“- Скопје на ул. 11-ти Октомври бр. 23а или на м.в Коломот.

Постапка во случај на загадување на води, околина или помор на риби: Со оглед дека рекреативните риболовци се први и непосредно на терен, при евентуални промени како што се помор, невообичаено однесување на риби, загадување на водата со промена на нејзиниот квалитет и слично, веднаш се должни да алармираат на следните телефони и институции. ЈПУЗПП “ЈАСЕН” 02/3115016 Рибочуварска служба 075 389096 Државен инспекторат за земјоделство 080011000

Дозволи

Најмала големина на риби под која не смее да се ловат:
Македонска пастрмка40 цм
Крап40 цм
Вардарски клен30 цм
Вардарски скорбут25 цм
Мрена бела35 цм
Јагула60 цм
Сом70 цм
Попадика20 цм
Црвеноперка20 цм
Плашица12 цм
Дозволен дневен улов:
 
Македонска пастрмкаДо три примероци
КрапДо два примерока
Вардарски кленДо 5 кг
Вардарски скорбутДо 5 кг
Мрена белаДо 3 кг
ЈагулаДо еден примерок
СомДо еден примерок
ПопадикаДо 3 кг
ЦрвеноперкаДо 3 кг
ПлашицаДо 5 кг
Дозволени риболовни средства:
 
1. Блинкер на влечење со ограничување на 12 ловни дена во годината.
2. Две риболовни трски со по три јадица на трска.
3. Три риболовни трски со по една јадица на трска.

Туризам